ПАРНОТО ПОСКАПУВА ЗА 4,5% Регулаторите бараат ЕСМ да го стави во функција топловодот на мостот „Беласица“

 Во Скопје вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

73

Парното во Скопје ќе позкапи за 4,51% одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Комисијата, како што е соопштено, добила барање од од ЕСМ за зголемување на цената на топлинската енергија од повеќе од 50 %.






– Со оваа одлуки цената за граѓаните останува во опсег стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично приморани што побрзо да го стават во функција топловодот „Беласица“ за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕ-ТО. РКЕ со денешните одлуки, водејќи се од интересот на потрошувачите поставува финансиска рамка  и праќа сигнал за максимално економично работење на ќерките фирми на ЕСМ – изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Бислимоски информира дека во однос на железарското греење кое го прави ЕСМ Енергетика, цената е незначително намалена, како и во Скопје-Север. Сето ова обезбедува услови за сигурно и стабилно функционирање на системот за топлинска енергија во Скопје.

-Замолувам да се преземат сите мерки за мрежата во Скопје-Север и во Железара да се поврзат со најголемата мрежа, за сите да добиваат иста цена за топлинска енергија. Верувам дека наредната година ќе се случи поврзување на сите мрежи. Тоа е единствен и исправен начин за оптимално функционирање на системот- рече Бислимоски.

Според него, со работата на ТЕ-ТО и функционирањето на топловодот Беласица просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1.800 денари, без работа на ТЕТО 2.800 денари, што е разлика во цена од 60 %.

Вкупно 64 000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

 

Поврзани содржини