Парламентот на Португалија изгласа евтаназија

Постарите од 18 години ќе имаат право да побараат помош за да го завршат животот ако се во терминална фаза на болеста или ако страдаат од „трајни и неподносливи“ болки, освен ако се смета дека тие не се ментално способни за да донесат таква одлука.

206

Португалскиот парламент денеска изгласа легализација на евтаназијата со што го отвори патот Португалија да стане седма земја во светот која ќе овозможи на болните на смрт да им се забрза крајот на животот.

Постарите од 18 години ќе имаат право да побараат помош за да го завршат животот ако се во терминална фаза на болеста или ако страдаат од „трајни и неподносливи“ болки, освен ако се смета дека тие не се ментално способни за да донесат таква одлука.






Постапката за евтаназија ќе биде достапна само на државјаните на Португалија и на тие со легално живеалиште за да се спречи луѓе да патуваат во Португалија за да добијат медицинска помош за да им заврши животот.

Законот сега е во рацете на конзервативниот претседател Марчело Ребела де Соусе кој треба да го одобри. Претходно тој изјавил дека ќе го почитува гласањето на Парламентот.

Поврзани содржини