ПАРЛАМЕНТОТ ЈА СУСПЕНДИРАНА ПЕНЗИСКАТА РЕФОРМА НА МАКРОН Долготрајниот отпор вроди со плод

Владата ја усвои реформата во 2023 година без целосна парламентарна поддршка, што предизвика масовни протести низ целата земја.

0

Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон.
Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа пратениците од радикалната партија Непокорена Франција и комунистите.
Усвоениот закон го суспендира постепеното зголемување на возраста за пензионирање на 64 години до јануари 2028 година, како и планираното зголемување на задолжителниот минимален број месечни пензиски придонеси. Во пракса, генерацијата родена во 1964 година би се пензионирала на 62 години и 9 месеци (како претходната генерација) наместо на 63, што беше предвидено со реформата. Тие би се пензионирале со најмалку 170 месечни придонеси наместо 171.
Реформата што ја суспендира парламентот денес беше една од најконтроверзните мерки на владеењето на Емануел Макрон. Таа предвидуваше постепено зголемување на возраста за пензионирање од 62 на 64 години и продолжување на периодот на задолжителни придонеси за полна пензија. Владата ја усвои реформата во 2023 година без целосна парламентарна поддршка, што предизвика масовни протести низ целата земја.
Демонстрациите, кои започнаа во јануари 2023 година, траеја со месеци и во неколку наврати собраа повеќе од еден милион луѓе на улиците во Париз и другите градови. Штрајковите ги погодија јавниот превоз, училиштата, отпадните служби и енергетскиот сектор. Иако реформата беше спроведена, притисокот од јавноста не стивна, па сегашната одлука за нејзина суспензија се смета за задоцнета политичка реакција на долготрајното незадоволство.

Парламентот на Франција денеска ја суспендираше непопуларната реформа на пензискиот систем од 2023 година, проект на вториот мандат на претседателот Емануел Макрон.






Одлуката е донесена со 255 гласови „за“ и 146 „против“, со поддршка од социјалистите, Зелените и ултрадесничарската партија Национален собир. „Воздржани“ беа пратениците од коалициската партија на Макрон – Ренесанса, додека „против“ беа пратениците од радикалната партија Непокорена Франција и комунистите.

Усвоениот закон го суспендира постепеното зголемување на возраста за пензионирање на 64 години до јануари 2028 година, како и планираното зголемување на задолжителниот минимален број месечни пензиски придонеси.

Во пракса, генерацијата родена во 1964 година би се пензионирала на 62 години и 9 месеци (како претходната генерација) наместо на 63, што беше предвидено со реформата. Тие би се пензионирале со најмалку 170 месечни придонеси наместо 171.

Поврзани содржини