ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО Е СТАБИЛНО И ЌЕ РАБОТИ СО ПОЛН КАПАЦИТЕТ Собранието чека предлог за нов министер за здравство

Кога ќе дојде предлогот за нов министер за здравство, тој веднаш ќе биде доставен до сите пратеници во Собранието и ќе го ставиме на првата наредна седница, вели претседателот на Собранието Африм Гаши.

136

Мнозинството останува стабилно и Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет, рече денеска претседателот на Собранието, Африм Гаши.

– Нема никаква дилема околу тоа дали имаме мнозинство. Се работи за преминување на една од политичките партии во опозиција, но гледате дека неколку пратеници остануваат дел од Вреди. Владата и парламентарното мнозинство ќе работат со полн капацитет – изјави денеска Гаши одговорајќи на новинарско прашање.






Во врска со тоа кога ќе биде избран нов министер за здравство, Гаши рече дека прво премиерот Христијан Мицкоски треба да го предложи новиот министер.

– Кога ќе дојде предлогот, тој веднаш во Собранието ќе биде доставен до сите пратеници и ќе го ставиме на првата наредна седница – посочи Гаши.

Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити синоќа пред седницата на Централното претседателство на Вреди соопшти дека Азир Алиу ќе биде нивен предлог за нов министер за здравство по оставката на Арбен Таравари и неговата одлука да замине во опозиција, како и дека Арбен Фетаи ќе биде вклучен во партиското раководство и ќе остане вицепремиер за добро владеење.

Поврзани содржини