ПАРКОВИ, МИНИ ШУМИ, МЛАДИНСКИ ЦЕНТАР, ПАРКИНЗИ, ПАТЕКИ.. Со Стаменкоска Трајкоска Кисела Вода ја чекаат нови 4 години напредок, ветува ВМРО-ДПМНЕ

Ги повикуваме граѓаните да излезат на 19 октомври и да го направат вистинскиот избор, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска - се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

54

Програмата за Кисела Вода за претстојните локални избори на кандидатот за градоначалник Бети Стаменкоска Трајкоска нуди проекти, мерки, визија, план и стратегија за сите проблеми и барања на граѓаните – се вели во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Кисела Вода ја чекаат нови 4 години на напредок, развој и успех. Ветуваме редовно одржување на јавната хигиена, намалување на дивите депонии и создавање чисти, уредни и безбедни јавни простори, зелени паркови и училишни мини шуми, со цел подобрување на квалитетот на воздухот и зголемување на зелените површини, општина Кисела Вода започнува долгогодишен проект за пошумување преку садење 1.000 садници годишно, односно 4.000 дрвја во период од четири години. Формирање на модерен Младински центар – простор наменет за развој, дружење и активизам на младите. Потоа, ќе се обезбедат над 500 нови паркинг-места во Кисела Вода преку катни и монтажни гаражи, како и преку уредени површини. На тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж, ќе се зголеми безбедноста на улиците и граѓаните ќе добијат поуредена и пофункционална урбана средина, како и реконструкција на голем број улици, а ќе се изгради и пешачко велосипедска патека и многу други проекти. Затоа ги повикуваме граѓаните да излезат на 19 октомври и да го направат вистинскиот избор, а тоа е Бети Стаменкоска Трајкоска и советничката листа предводена од ВМРО-ДПМНЕ – се вели во соопштението.

Поврзани содржини