Паркот на лалето
„Паркот на лалето", се засадуваше секоја пролет, со организирано доагање на специјален конвој од Холандија, наречен „Дилижанса”, на местото на ресторанот што сега се руши.
Некогаш и денес – романтика и криминален башибузук! Светло минато, грда реалност.
Позајмената фотографија, го прикажува просторот кај култниот „Хотел Парк”, на местото каде што подоцна беше изграден ресторанот – го викавме „свадбен”, таква му беше намената.
Како и хотелот, срушен е и ресторанот, наградено архитектонско дело на Павел Балабан, човекот кој ја доби највисоката награда за урбанистички дострели, во тогашна Југославија (на весникот „Борба”), за проектот на училиштето „Св.Климент Охридски”, во старото градско јадро.
„Паркот на лалето”, се засадуваше секоја пролет, со организирано доагање на специјален конвој од Холандија, наречен „Дилижанса”, на местото на ресторанот што сега се руши.
„Дилижансата”, донесе и неколку невести – Холаѓанки во Охрид, како практична, додадена вредност од пријателството, зачнато уште пред Втората светска војна, од еден од најплодните холандски автори – А. ден Долард, со неговиот роман „Свадбата на седуимте цигани”.
Преиздавано е неколку пати, за Охрид е своевидна Света книга, затоа што, за прв пат, градот и неговото езеро, беа претставени пред Европа и светот.
Охриѓани, го негуваат споменот преку „Холандскиот парк”, на „Мазија”, кадсе е подигнат и споменик на А. ден Долард, додека публицистот – полиглот Мишел Јузмески, одржува „Музеј на Долард” (преку Култура-365), во кој се изложени сите негови дела и се организираат ликовни изложби и литературни читања.
На фотографиите: „Холандскиот парк” во „Горица” – симболoт на македонско-холандското пријателство (Охрид и Катвајк беа збратимени) и срушениот ресторан – симбол на криминалната приватизација и дивеењето на урбаната мафија.
(Фејсбук статус на авторот)