ПАРКИРАЈ, АМА ФРЛИ НЕКОЈ ДЕНАР! Незаконски наплаќале за паркинг кај поликлиниката „Бит Пазар“
На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје, се вели во соопштението на МВР.
Две лица незаконски наплаќале за паркинг услуги во близина на поликлиниката „Бит Пазар“ во Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска, во близина на Јавната здравствена установа – Поликлиника Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, извршија контрола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘узурпација на недвижности’ по чл.225 и кривично дело ‘бесправно градење’ од чл.244-а од КЗ. На лице место се затекнати две лица, кои незаконски наплатувале за паркинг услуги. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци до ОЈО Скопје“, се вели во соопштението.