ПАРКИНЗИ, РЕКОНСТРУКЦИИ, РЕСТАВРАЦИИ НА ОБЈЕКТИ Мурсели планира Тетово да го направи регионален центар

Кандидатот за градоначалник на алијанса и Алтернатива вел идека на Тетово му треба генерален урбанистички план и јасна стратегија за неговиот социо-економски развој.

329

Тетово ќе биде град во кој ќе преовладуваат свежи, визионерски, трансформативни, развојни и инклузивни идеи, идеи кои промовираат вистинско граѓанско општество, здрава и демократска заедница, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Тетово на коалицијата Алијанса и Алтернатива Вулнет Мурсели.Тој ги претстави и кандидатите за советници.

– Иднината на Тетово ќе биде со студенти и млади луѓе кои имаат амбиции за работа, за развој на животниот стандард и за технолошки развој. Време е Тетово да стане добро организиран, чист и модерен град. Заедно со мојот тим, имаме цел да ја избегнеме политиката од локалното управување и да ги ориентираме сите капацитети што ги има нашиот град во однос на развојот и целокупниот општествен напредок – рече Мурсели пред присутните.






Заедно со мојот тим, додаде Мурсели, ќе  станеме „очи и уши“ кои ќе ги слушаат проблемите, потребите и очекувањата на граѓаните.

– Тетово ќе стане значаен регионален центар. На Тетово му треба генерален урбанистички план и јасна стратегија за неговиот социо-економски развој. Урбаниот простор на Тетово не само што е секој ден повеќе натоварен со сообраќајна фрустрација и недостаток на бесплатни паркинг места, туку е деградиран на тој начин што повеќе не личи на град! Ние ќе го смениме овој град за да им го вратиме на граѓаните! – рече тој.

Мурсели рече дека негова визија е граѓаните да бидат главните носители на капиталните промени. Администрацијата ќе може да ги пречека граѓаните и да даде решенија и одговори за сите нивни грижи, без одлагање.

– Граѓаните ќе ја вратат изгубената доверба во нивната Општина, тие мора да чувствуваат дека одговорната институција се грижи за нив и за безбедноста и квалитетот на нивниот живот. Сето ова може да го постигнеме само заедно – заклучи Мурсели.

Носителот на листата Музафер Етеми ги претстави инвестициите во јавната чистота и зеленило. Тие, како што рече, се неопходни за граѓаните на Општина Тетово, затоа ќе инвестираме во нови капацитети и машини.

– Ќе инвестираме во нови камиони со капацитет за собирање од 7 кубни метри, потоа камионети со капацитет за собирање од 4м3; и подземни и обични контејнери – рече Етеми.

Тој ги најави и зелените површини и паркови планирани за еден мандат.

– Ќе создадеме зелени површини и паркови во стариот дел на градот кај Џамија Паша, ќе го обновиме  Женски парк, потоа кај  муслиманските и  православните гробишта во Тетово. Ќе создадеме урбани паркови на ул. 160 и ул.161. – посочи Етеми.

Кандидатот за општински советник Фатон Селами ги презентираше планираните реставрации на објекти во стариот дел на градот.

– Тетово ќе има „Заштитени и обновени населби“ според автентичниот тетовски стил во стариот дел на градот. Ние ќе бидеме посветени да произведеме економски развоји одморалиште зачувувајќи ја старата тетовска култура и нејзиниот стил. Ќе се реставриа Тетовското кале,  калдрмата на  улиците. Ќе им помогнеме на локалните жители да ги обноват фасадите и да го зачуваат автентичниот тетовски стил.
Ќе бидеме посветени на зачувување на културно-историските споменици Ќе работиме на реконструкција и ревитализација на значителен број на згради со висока архитектонска вредност на градот -рече тој.

Во програмата на Алијанса и Алтернатива за Теотво најавени се инвесртиции и во развојот на планинскиот туризамза една година.

– Попова Шапка е целосно запоставена, без основна инфраструктура, без жичарницата која беше симбол на Тетово, со тотален урбан хаос, со дивоградбина секој чекор, со отпад и лош мирис, со кучиња скитници итн. Во нашето управување, ние ќе се ангажираме да се направи урбанистички план за Попова Шапка, реконструкција на жичарница Тетово – Попова Шапка. Ќе создадеме можности за градење нови хотелски капацитети. Ќе се инвестира во патна инфраструктура во викенд населбата, како и  изградба на паркинг – рече Алити.

Според програмта планирани се четири нови паркинзи: на влезот на градот (до Веро), во близина на Градскиот суд (во поранешен Партизан), во блокот (по Гранд / Арби ресторан), во близина на стариот градски стадион. Исто така ќе се разгледа можноста за изградба на подземен паркинг на градскиот плоштад (што е предвидено со Генералниот урбанистички план на Тетово) како и Детален урбанистички план за тој урбан блок.

Поврзани содржини