Паркинг место во Хонг Конг продадено за рекордни 1,3 милиони долари

562

Паркинг место во Хонг Конг се продаде за рекордна сума.

Станува збор за едно од неколкуте места за паркирање во ултралуксузната населба под назив „Пик“ (The Peak) во Хонг Конг. Населбата има поглед на пристаништето Викторија, а во неа се наоѓаат некои од најскапите домови во Азија.






Во Хонг Конг има мошне мал простор, како за живеење, така и за паркирање, па цените се вртоглаво високи. Затоа, и не треба да изненадува тоа што паркинг просторот бил продаден по цена од 1,3 милиони долари, а тоа воедно е и нов рекорд.

Претходниот рекорд кој се однесува на цената за место за паркирање во Хонг Конг изнесуваше 980.000 долари.

Во мај, во истата населба е забележана рекордна цена за изнајмување која изнесува 210.000 долари месечно.

 

Поврзани содржини