Парк ги сокри папагалите, зошто со пцовки и клетви ги поздравувале посетителите (ВИДЕО)

Скандалозната група, која изведува бучни вербални напади, беше разделена само неколку дена по пристигнувањето во нивниот нов дом.

702

Вработените во британски парк ги преместија петте папагали на потивка и позатскриена локација.

Причината: птиците цинично ги проколнувале и ги пцуеле посетителите, пренесува „CNN“.






Скандалозната група, која изведува бучни вербални напади, беше разделена само неколку дена по пристигнувањето во нивниот нов дом.

Папагалите завршија во паркот „Lincolnshire Wildlife Park“, откако беа донирани од пет различни сопственици за само една недела.

Тие се раса на африкански сиви папагали и се нарекуваат Ерик, Џејд, Елси, Тајсон и Били.

За време на карантинот, птиците поминувале многу време заедно, по што им беа покажани на посетителите на паркот.

Сепак, ситуацијата не се разви како што се очекуваше.

– Само што стана страшно, тие ги пцуеја сите. Малку бевме загрижени за децата – рече извршниот директор на паркот.

Сепак, многу од посетителите уживаа во птиците, дури и се придружуваа на вербалната „престрелка“ со клетви.

Персоналот на паркот се надева дека откако птиците ќе се одделат, нивниот вокабулар ќе биде покултурен.

Поврзани содржини