„ПАРИЗЕРОТ“ БИЛ СЛУЧАЈНО ВО КОРПАТА Вучиќ ја објави листата од 37 производи што поевтинуваат
Српскиот претседател на ТВ Пинк ја коментираше кампањата „Подобра цена“, велејќи дека таа е започната затоа што Србија мора да се грижи за обичните луѓе, имајќи ги предвид поскапувањата предизвикани од увозната инфлација.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека очекува просечната плата во декември да биде 840 евра, а Србија за само една година и три месеци ќе се приближи до просечната плата од 1.000 евра.
Вучиќ на ТВ Пинк ја коментираше и кампањата „Подобра цена“, велејќи дека таа е започната затоа што Србија мора да се грижи за обичните луѓе, имајќи ги предвид поскапувањата предизвикани од увозната инфлација.
Коментирајќи ги нападите врз него поради акцијата, тој тврди дека сосема случајно во корпата бил пронајден и „паризерот“ заедно со производи чија цена е намалена.
-Немам проблем да земам килограм свински врат и килограм телешко. И би излажал ако го кажам тоа. Тие што ме критикуваат имаат неспоредливо помал проблем затоа што се неспоредливо побогати од мене – рече Вучиќ.
Тој додаде дека за разлика од нив, луѓето кои имаат неспоредливо помали примања не можат секојдневно да си ги дозволат овие производи.
Српскиот претседател изјави дека на списокот има 37 производи кои ќе бидат поевтини, меѓу кои сончогледово масло, брашно, грав, како и некои средства за хигиена. Вучиќ ги објави производите кои ќе поевтинат, наведувајќи дека се работи за голем попуст.