ПАРИЗ ТОНЕ ВО ЃУБРЕ Пешаците заменети со стаорци по улиците, криза без преседан (ВИДЕО)

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира отпадот и улиците се натрупани со речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, соопштија француските медиуми.

559

Речиси една недела вработените во општинската служба за чистење и собирање отпад во Париз штрајкуваат против реформите во пензискиот систем. Главниот град на Франција се трупа со ѓубре, а се појавуваат и стаорци на улиците.

Во поголемиот дел од Париз веќе воопшто не се собира отпадот и улиците се натрупани со речиси 5.000 тони отпад, што ги нервира граѓаните, трговците и туристите, но засега нема можност за надминување на кризата, соопштија француските медиуми.






Коалицијата на француските синдикати, кои покажаа ретко единство од почетокот на протестното движење кон крајот на јануари, се надеваат дека ќе го продолжат притисокот врз владата да ја повлече реформата, чија цел е да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 64 години.

 

Поврзани содржини