ПАРИЗ ПОДГОТВИ 300.000 КОНДОМИ Укината забраната за секс на Олимписките игри
Околу 9.000 спортисти би требало да бидат во Париз на Олимписките игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.
Добра вест за повеќето спортисти кои летово ќе учествуваат на Олимписките игри: забраната за секс која важеше во Токио е укината пред Олимпијадата во Париз!
Во 2021 година, Меѓународниот олимписки комитет ги спроведуваше наредбите за социјално дистанцирање поради пандемијата на корона вирусот и воведе забрана за интимни односи за време на Олимписките игри во Токио. Но, забраната не важи во „градот на љубовта“. Скај њуз објави дека ова забрана се укинува пред Олипијадата во Париз.
Inside Paris 2024 Olympic village as ‘intimacy ban’ lifted with 300,000 condoms available and beds made from cardboard https://t.co/ylr93u41Uohttps://t.co/ylr93u41Uo
— Sun Sport (@SunSport) March 17, 2024
Околу 9.000 спортисти би требало да бидат во Париз од 26 јули до 11 август, а според извештаите за олимписките подготовки, олимпијците во Париз ќе имаат на располагање 300.000 кондоми за безбеден секс.
Исто така, наведувате дека креветите во олимпиското село ќе бидат изработени од картон, но дека се конструирани да издржат тежина до 250 килограми.