ПАРИТЕ СЕ НА РУСИЈА, НЕ Е ФЕР ДА ИМ СЕ ЗЕМАТ Франција е против употребата на замрзнатите руски средства за војната во Украина

Запленувањето на замрзнатите руски средства и нивното користење за финансирање на европските воени трошоци би било спротивно на меѓународните договори. Ставот на Франција е дека овие руски средства ѝ припаѓаат на Централната банка на Русија“, изјави министерот за економија на Франција, Ломбард за Франс инфо.

2,620

Франција се противи на употребата на замрзнатите руски средства за финансирање на воените трошоци на Украина, изјави денеска министерот за економија на Франција, Ерик Ломбард.

– Запленувањето на замрзнатите руски средства и нивното користење за финансирање на европските воени трошоци би било спротивно на меѓународните договори. Ставот на Франција е дека овие руски средства ѝ припаѓаат на Централната банка на Русија“ – изјави Ломбард за Франс инфо.






Тој додаде дека овој имот може да се користи за решавање конфликти, но дека „не може да се конфискува“.

– Каматата, генерирана од руските фондови, веќе е искористена за финансирање на заемот, доделен на Украина – истакна францускиот министер.

Според него, ваквите постапки се спротивни на меѓународните договори, потпишани од Франција и Европа

Поврзани содржини