ПАРИТЕ ОД ВЕНЕЦУЕЛСКАТА НАФТА СЕ СЛЕВААТ ВО КАТАР Дали Трамп сака да ги спречи другите земји да ги блокираат парите?
Во текот на изминатите децении, авторитарната влада во Каракас заплени нафтени средства, што ги натера странските енергетски компании да бараат надомест што сега е проблем парите од продадената нафта да стигнат во Венецуела.
Парите што САД ги заработуваат од продажбата на венецуелска нафта привремено се влеваат во Катар, наместо директно во Венецуела или на американски банкарски сметки. Тоа е индиректен финансиски пат што би можел да го забрза протокот на многу потребни пари во Венецуела, бидејќи оваа земја со години е под санкции, а нејзиниот банкарски систем е блокиран за работа во странство, пишува CNN.
Администрацијата на Доналд Трамп ја потврди првата продажба на венецуелска нафта, велејќи дека се собрани 500 милиони долари.
Министерот за финансии на САД, Скот Бесент, изјави за Newsmax пред два дена дека парите од продажбата на нафта ќе почнат да пристигнуваат во Венецуела наредните денови. Тој објасни дека приходите ќе бидат искористени за финансирање на работата на венецуелската влада, безбедносните служби и снабдувањето со храна.
Белата куќа не коментираше директно зошто средствата прво се префрлаат во банка во Катар пред да бидат исплатени на Венецуела.
-Ве потсетуваме дека Венецуела е изолирана од меѓународниот банкарски систем со години. Додека администрацијата, по налог на претседателот Трамп, дејствува брзо, ние ги разгледуваме постојните законски рамки и ограничувања – изјави функционер на администрацијата.
Експерти објаснуваат дека Катар долго време ја игра улогата на посредник меѓу САД и венецуелската влада, дури и пред апсењето на венецуелскиот лидер Николас Мадуро од страна на САД да се отвори патот за подиректна комуникација меѓу двете влади и за време на администрацијата на Џо Бајден, кога бил дозволен ограничен проток на средства од продажба на нафта во Иран за време на делумното олеснување на санкциите.
Со години, Венецуела е под санкции од западните влади низ светот и практично е отсечена од глобалниот банкарски систем. Во текот на изминатите децении, авторитарната влада во Каракас заплени нафтени средства, што ги натера странските енергетски компании да бараат надомест, а тоа сега прави проблем парите од продадената нафта да стигнат директно во венецуелската Централна банка.
Трамп постојано ја обвинуваше Венецуела за кражба на американски нафтени средства, но во исто време ја нагласуваше важноста од продажбата на нафта што директно и користи на Венецуела и го спречуваше пристапот до тие средства од страна на оние со законски побарувања врз приходите на Венецуела.
Тој потпиша извршна наредба со која ги блокира обидите за воспоставување залози, заплени или други судски пресуди што би ги побарале тие средства. Во декретот се наведува дека ваквите дејствија „сериозно би ги попречиле клучните напори за обезбедување економска и политичка стабилност во Венецуела“.
Префрлањето на парите на сметка во Катар, потенцијално надвор од дофатот на западните компании и доверители кои тврдат дека Венецуела им должи пари, е еден начин да се постигнат целите на администрацијата. Фактот дека доверителите би можеле да ги забават или блокираат плаќањата е проблем и за Венецуела и за администрацијата на Трамп.