ПАРИТЕ ОД ЕВРОПА ЗА РУСКИОТ ГАС ДА ОДАТ НА ПОСЕБНА СМЕТКА Украина бара тие да се користат за нејзина обнова
Украина бара наместо парите да дојдат во Русија, а според проценките на самите европски земји, тоа е речиси милијарда долари месечно, овие средства да се депонираат на посебна сметка и потоа сумата се префрла во Украина.
Украина инсистира на отворање посебна сметка во ЕУ, на која Русија ќе добива средства за испорачаните гас и нафта, а кои ќе се проследуваат во Киев и ќе се користат за обновување на економијата на Украина, јави Укринформ.
– Работиме на создавање преседан во плаќањата и акумулирање на парите што сега се исплаќаат на Русија за гас и нафта. Овие пари мора да престанат да се слеваат на руските сметки и мора да се акумулираат на посебна сметка во ЕУ за Русија да не ги добива овие средства. Овие пари мора да бидат префрлени во Украина за закрепнување на украинската економија и репарации, а исто така и Руската Федерација да биде казнета и целосно да плати за сите злосторства што ги прави во Украина – изјави Лана Зеркал, член на украинската делегација која ги изнесува аргументите пред Меѓународниот суд на правдата на ОН во Хаг.
Според неа, наместо парите да дојдат во Русија, а според проценките на самите европски земји, тоа е речиси милијарда долари месечно, овие средства да се депонираат на посебна сметка и потоа сумата се префрла во Украина.