ПАРИТЕ НАПЛАТЕНИ ОД ПАЦИЕНТИТЕ СИ ГИ СТАВАЛ В ЏЕБ Финансиската полиција соопшти детали за уапсениот од прилепската болница
Го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари - се вели во соопштението.
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Д.К. во својство на службено лице при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „Проневера во службата“ од член 354 ст.3 в.в. со член 45 од КЗ на РСМ, соопшти Финансиската полиција.
„Пријавениот во својство на службено лице, вработен на работно место самостоен референт – главен благајник во Одделение за материјално финансиско работење во Сектор за материјално – финансиски работи и сметководство при ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ Прилеп, во периодот од 01.01.2020 до 31.12.2021, со цел да прибави за себе противправна имотна корист, во повеќе наврати дел од наплатените и примени парични средства од шалтерите на болницата, наплатени од пациентите по основ на партиципација и приватни здравствени услуги, не ги уплатил на банкарската сметка на болницата и истите противправно ги присвоил за себе, односно за 2020 година присвоил парични средства во износ од 6.568.726 денари и за 2021 година присвоил парични средства во износ од 8.494.558 денари, со што го оштетил Буџетот на ЈЗУ Општа болница со проширена надлежност „Борка Талески“ во вкупен износ од 15.063.284 денари“ – се вели во соопштението.
По насоки на Основно јавно обвинителство Прилеп во текот на утринските часови службени лица на Управата за финансиска полиција го уапсика пријавеното лице и го изведоа пред судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп.
АПСЕЊЕ ВО ВРСКА СО КРИМИНАЛ ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Проневерени се околу 16.000.000 денари