ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ ВО ПАРИЧНИЦИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ Новата позитивна листа на лекови ќе се имплементира час поскоро, тврди Мицкоски
Тоа што ми го соопшти, практично пред една недела министерот за здравство, на еден друг настан во Клиниката за дигестивна хирургија, е дека по долго време Фондот за здравство конечно ја прошири листата и додаде нови 9 генерики кои што се многу важни за пациентите. Исто така милиони евра, парите на граѓаните, ќе бидат заштедени и тие пари ќе останат во паричниците на граѓаните, објасни премиерот Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање за проширувањето на позитивната листа на лекови со 9 нови генерики, посочи дека час поскоро листата треба да биде имплементирана и применета.
– Тоа што ми го соопшти, практично пред една недела, министерот за здравство, на еден друг настан во Клиниката за дигестивна хирургија, е дека по долго време Фондот за здравство конечно ја прошири листата и додаде нови 9 генерики кои што се многу важни за пациентите. Исто така милиони евра, парите на граѓаните, ќе бидат заштедени и тие пари ќе останат во паричниците на граѓаните – објасни премиерот Мицкоски.
Тој додаде дека час поскоро треба да започне со примена на истото.
– Јас мислам дека сите процедури се завршени и час поскоро сето тоа треба да биде почнато и да биде имплементирано и применето – кажа премиерот.