📷 ПАРИС ХИЛТОН ПРВПАТ ЈА ПОКАЖА ЌЕРКАТА Богаташката ја криеше наследничката шест месеци
Парис Хилтон минатиот ноември доби ќерка со помош на сурогат мајка, на која таа и сопругот ѝ го дадоа името Лондон.
Парис Хилтон минатиот ноември доби ќерка со помош на сурогат мајка, на која таа и сопругот ѝ го дадоа името Лондон.
Шест месеци подоцна таа му откри на светот како изгледа нејзината наследничка.
„Ви ја претставувам Лондон Мерилин Хилтон Реум. Сонував да имам ќерка, Лондон, од кога се сеќавам. Многу сум благодарна што е тука. Го славам секој момент со неа. Заедно со Феникс, моите бебиња ми покажаа љубов за која не знаев дека постои додека не станав нивна мајка“, напишала Парис, а потоа додала:
„Моето неверојатно патување низ мајчинството ја инспирираше мојата пријателка Сиа да создаде песна наречена „Славата нема да те сака“. Песната е потсетник на посебната поврзаност што ја чувствувам кон моите деца, сопругот и семејството, што е најважното нешто на светот. Тоа е химна која ќе ве инспирира да ги држите најважните врски уште поблиску до вашето срце.“
View this post on Instagram
Да потсетиме, Парис и нејзиниот сопруг во јануари минатата година, исто така со помош на сурогат мајка, го добија синот Феникс, а само 11 месеци подоцна беше објавено дека добиле и ќерка.
View this post on Instagram