ПАРИЧНИКОТ ШТО НИКОГАШ НЕ ОСТАНУВА ДОМА Со Apple Pay плаќањата се лесни, брзи и сигурни

Со твојот iPhone сега доаѓа и Apple Pay, а со Apple Pay и картичките од Комерцијална банка стресот поврзан со твојот паричник ти е апсолутно непотребен.

153

Има три работи што речиси секој човек денес ги носи со себе – мобилниот телефон, паричникот и стресот. Добрата вест е што барем една од нив може да остане дома – паричникот. А, уште подобро е што на тој начин ќе го елиминираш и стресот од тоа да го немаш паричникот кога најмногу ти треба.

Ама мобилниот телефон сигурно го имаш затоа што по некоја статистика дури 50 пати дневно проверуваш дали е до тебе. Со твојот iPhone сега доаѓа и Apple Pay, а со Apple Pay и картичките од Комерцијална банка стресот поврзан со твојот паричник ти е апсолутно непотребен.






Мобилниот телефон вообичаено се грижи за твојот календар, здравје, комуникација и забава, па логично е да се погрижи и за безбедноста на твоите лични финансии. Apple Pay услугата, која е достапна на iPhone, Apple Watch, iPad и Mac, го прави паметниот уред твојот најсигурен паричник.

Но, Apple Pay е и многу повеќе од тоа. Со Apple Pay плаќањата се лесни, брзи и сигурни. Не мора да памтиш лозинки, да пребаруваш по џебови или во чантата, ниту пак да се грижиш за безбедноста на твоите плаќања. Само еден допир со твојот iPhone или Apple Watch и трансакцијата е завршена, со највисоко ниво на сигурност и апсолутна практичност.

Во суштина, Apple Pay не е само технологија туку и чувство на слобода. Apple Pay е лесен, безбеден и личен начин за плаќање во продавница, преку апликација или онлајн.

Како се плаќа со Apple Pay?

Во продавница, маркети, аптеки, ресторани, кафетерии – избери ја картичката во Apple Wallet, доближи го твојот iPhone или Apple Watch до терминалот за бесконтактно плаќање и кликни двапати на страничното копче. Плаќањето е завршено.

Во апликација или на интернет – избери Apple Pay како метод за плаќање, внеси податоци за сметката од продавачот, испорака и контакт ако е потребно и потврди го плаќањето со Face ID, Touch ID или passcode.

Она што Apple Pay го прави посебен е тоа што секоја трансакција е заштитена со највисоко ниво на безбедност. Бројот на твојата картичка никогаш не се зачувува на уредот на трговецот, ниту на серверите на Apple, туку се доделува уникатен број на сметка на уредот (Device Account Number), кој е енкриптиран и безбедно зачуван.

За да ги користиш бенефитите од Apple Pay, треба да ја преземеш бесплатната апликација Apple Wallet и да ги додадеш во неа твоите картички од Комерцијална банка. Постапката може да ја започнеш и преку апликацијата мБанка. Може да додадеш неограничен број картички, а потоа да бираш со која ќе плаќаш.

Со Apple Pay, Комерцијална банка ти ги овозможува најиновативните решенија таму каде што ти се најпотребни – во твојата рутина. Додавањето на твоите картички во Apple Wallet е еден мал, паметен чекор кон повеќе слобода и помалку грижи.

Поврзани содржини