Парична казна за две лица од Валандово, дошле од Германија и се рашетале

699

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија денеска до Основниот суд достави предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Во предлогот обвинителството бара лицата да се огласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123 денари за двете лица.

Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Р.Германија – земја со висок ризик на зараза на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Поврзани содржини