ПАРИЧНА КАЗНА И ПРЕКРШОЧНА ЗА АЦА ЛУКАС Полицијата откри детали за случувањата во Кавадарци
Аца Лукас приведен за време на настап во Кавадарци, пејачот доби парична казна, а локалот беше под контрола за низа прекршоци.
Српската ѕвезда Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, синоќа беше приведен во полициска станица во Кавадарци додека настапуваше во локал. Настапот на пејачот беше нагло прекинат, а полицијата откри детали за причините за интервенцијата.
Лукас бил приведен околу 10 минути по полноќ, за време на контрола во угостителскиот објект од повеќе институции, вклучително полицијата од Кавадарци, инспектори за странци, пазарен инспекторат, инспекторат за труд и Управа за јавни приходи.
– Констатиравме дека Аца Лукас настапувал без потребната дозвола. За тоа му е изречена парична казна, а против него е поднесена прекршочна пријава – изјавија од МВР.
При контролата, според полицијата, во локалот биле забележани и други прекршоци: неиздавање фискална сметка, непочитување на правилата за пушење и присуство на гости над дозволениот број. За сите овие прекршоци ќе следуваат соодветни поднесоци.
Настапот на Аца Лукас предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а јавноста бурно реагираше на веста за неговото привлекување. Полицијата соопшти дека ваквите зајакнати контроли ќе продолжат на целата територија на државата за санкционирање на секое кршење на законот.