ПАРИ ВО БУЏЕТОТ НЕМА, АМА НОВИ АВТОБУСИ ЌЕ ИМА Арсовска вели дека ќе реализира сѐ што ветила

Нема буџет за набавка на автобуси за јавен превоз, бидејќи самите знаете во каква состојба е оставен буџетот. Но, набавка ќе има, рече Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање дали годинава ќе бидат набавени ветените 250 еко-автобуси.

823

Интересот на граѓаните треба да биде пред сè, па сето тоа што е ветено во програмата за модерно Скопје ќе биде реализирано, набавка на автобуси за јавен превоз ќе има, изјави денеска градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање, по пуштањето во употреба на новиот стерилизатор во ЈП Дрисла.

– Затоа што се сака да се вади од контекст морам да кажам некои работи. Нема буџет за набавка на автобуси за јавен превоз, бидејќи самите знаете во каква состојба е оставен буџетот. Но, набавка ќе има – рече Арсовска, одговарајќи на новинарско прашање дали годинава ќе бидат набавени ветените 250 еко-автобуси.






Таа обвини дека некој пласира манипулации во јавноста со цел да деградира нечии политики.

– Да биле кадарни тие коишто сега зборуваат немало само пет проценти да реализираат од својата програма и притоа да бидат казнети граѓаните за тоа што не го исполниле тоа што им го ветиле – нагласи Арсовска.

Поврзани содржини