„ПАРИ ВО БУЏЕТОТ ИМА“ Филипче на денешниот протест побара покачување на платите на наставниците за 12%
Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и за цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму. Буџетот има пари, но платите не се приоритет, рече лидерот на СДСМ на денешниот протест пред Министерството за образование.
Владата нема оправдување што наставниците ја започнуваат школската година без покачени плати и би рекол понижени и запоставени од Владата, рече лидерот на СДСМ Венко Филипче на денешниот протест на партијата пред Министерството за образование и наука. Тој вели дека пари во буџетот за повисоки плати има, но дека платите за наставниците не се приоритет на новата влада:
– Никој не верува дека нема пари за покачување на платите на наставниците за 12%. Гледаме дека има пари за нови четири министерства и за цела армија партиски вработувања, има пари за луксузирања со скапи авионски карти, има пари измислување на нови директорски места во царина и така натаму. Буџетот има пари, но платите не се приоритет. Ако имаше средства во времето на СДСМ, и тоа во најголемите светски кризи, здравствена, економска, енергетска како нема пари овој септември за да се покачат платите на просветните работници – рече Филипче појаснувајќи дека „денес е тука во поддршка на наставниците и просветните работници кои дојдоа да испратат порака на незадоволство од одлукатa на ВМРО-ДПМНЕ да ја прекине политиката на раст на плати“.
Според Филипче, Мицкоски јасно покажува дека го запоставува образованието, ги запоставува оние кои ни ги учат и воспитуваат децата, а „оправдувањата дека нема пари во буџетот се неприфатливи“.
– Апелирам Владата да се соземе и сфати дека без редовно покачување на платите, во услови кога цените растат и тие не ги контролираат како тоа што го правеше СДСМ, животниот стандард ќе паѓа. Економијата нема да расте како што најавуваат и ќе создадат се потежок живот за граѓаните и работниците – додаде Филипче.
Во врска пак, со наводите, за трошењата на екс-министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, кои се актуелни деновиве, Филипче вели дека случајот треба да го решат институциите.