ПАРИ ИМА, АМА ТРЕБА ДА ИМА И РЕД Владата годинава вратила половина милијарда евра и не издала нова еврообврзница

Минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не може да се обработат, се случуваше доверителите да не добијат навремено, да влеземе во друга фискална година, затоа рековме нека биде 15 декември последниот датум, да се обидеме сите да бидеме дисциплинирани, рече Мицкоски.

221

Пари во буџетот има, Буџетот е стабилен и во одлична кондиција, рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Сител телевизија.

– Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред. Тоа значи дека минатата година се случи во 5 до 12 многу налози да дојдат и да не може да се обработат, се случуваше доверителите да не добијат навремено, да влеземе во друга фискална година, затоа рековме нека биде 15 декември последниот датум, да се обидеме сите да бидеме дисциплинирани. Се разбира дека и на 25 и на 31 декември ако дојде налог истиот ќе биде процесуиран, но вие не можете секогаш во 5 до 12 да ги завршувате работите. Ајде еднаш да бидеме дисциплинирани и навремено да ги завршуваме работите, ете тоа беше иницијативата – рече премиерот.






Во однос на обвинувањата на СДСМ дека недостасувале 60 милијарди денари, премиерот Мицкоски нагласи дека тоа е невистина.

– Веќе во првите 10 дена од овој месец се собраа 15 милијарди денари. Да не заборавиме дека до 25 во месецот се плаќа ДДВ и слично. Но тоа што тие го гледаат како податок на сајтот на Министерството за финансии не ги вклучува сопствените приходи на институциите, затоа што сите тие имаат буџетска и сопствена сметка. Кога сето тоа ќе се вклопи, односно кога ќе влезе во базенот, доаѓаме до оние 350-360 милијарди денари кои треба да ги собереме. Но исто така треба да знаеме дека и расходите процентуално ги следат приходите, односно расходите се во истиот процент како и приходите. Тоа значи дека буџетскиот дефицит се намалува, а тоа е разликата помеѓу расходната и приходната страна – појасни Мицкоски.

Тој категорично ги отфрли наводите дека имало доцнење со исплати надвор од разумен рок.

– Сите средства се исплаќаат навремено, може да има некој ден доцнење, од проста причина што прераспределбата во буџетот помина сега во рамките на Собранието, и сега треба да се потпише, да излезе во Службен весник и тој процес да помине низ институциите и тие да ги префрлат тие средства до граѓаните и крајните корисници – рече премиерот Мицкоски.

Во однос на буџетскиот дефицит Мицкоски појасни дека тој се финансира на три начини: еден е преку државните хартии од вредност, вториот преку екстерни извори, односно договор со комерцијална банка откако претходно ќе се направи локален натпревар на понуди, и третиот преку еврообврзница.

– Јас ќе ги потсетам граѓаните дека оваа година ние не издадовме еврообврзница, а вративме еврообврзница од половина милијарда евра на 19 јануари. Ние вративме половина милијарда евра, а не издадовме. Буџетскиот дефицит оваа година ќе биде под 4% од номиналниот БДП, а номиналниот БДП ќе биде поголем од проектираниот на почеток на годината, ова се макроекономски параметри кои што гарантираат стабилност. Да сумирам, состојбата е стабилна, но мора да се научиме на ред и дисциплина, не може стихијно да се трошат парите и не може преку лажни фактури и лажни баратели да се цица буџетот – порача премиерот Мицкоски.

Поврзани содржини