ПАРЧИЊАТА ОД РАКЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ДОКАЗ Захарова обвини дека Украина убила жени и деца во Белгород
Фрагментите од ракетата ХИМАРС ќе послужат како директен доказ, рече Захарова за украинските напади врз Белгород.
Русија денеска ја обвини Украина дека користела проектили што ги добила од САД за да убива жени и деца во јужна Русија, обвинувајќи го Вашингтон.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, тврди дека смртните случаи се случиле минатата недела во Белгород, откако САД ѝ дозволија на Украина да го користи своето оружје за да нападне цели на руска територија.
Захарова смета дека зеленото светло на Вашингтон претставува „признавање на убиствата на жени и деца во регионот на Белгород“.
– Фрагментите од ракетата ХИМАРС ќе послужат како директен доказ – им рече таа на новинарите.
Захарова, сепак, не ги достави тие докази во форма на фотографии или вистински фрагменти и не откри колку луѓе загинале во наводниот инцидент.