ПАРЧЕ ОД АСТЕРОИД СЛЕТАЛО ВО ДОМОТ НА КАНАЃАНКА Се разбудила во пепел и нашла црн камен (ВИДЕО)
Го повикавме блискиот каменолом за да видиме дали изведуваат некакво минирање, но тие рекоа дека виделе силна светлина на небото што експлодирала и направила бучава, велат од полицијата.
Жена во Канада се разбудила во пепел по силен тресок во нејзината соба и здогледала парче црн метеорит на својата перница за кој подоцна се докажало дека е дел од астероид, пишува ИФЛ Наука. Рут отпрвин мислела дека може да е парче од блискиот каменолом, но испитувањата откриле дека тоа е дел од астероидот кој во 23 и 30 часот експлодирал над нејзиното место Голден, а таа тогаш спиела.
Here’s a look at that meteorite that smashed through Ruth Hamilton’s home in Golden, BC. https://t.co/OxdmjmScLg
— Calgary Eyeopener (@CBCEyeopener) October 13, 2021
– Само што скокнав и го вклучив светлото, не можев да сфатам што се случило – рече Хамилтон за Агасиз-Харисон Обсервер.
Големата дупка во нејзиниот таван исто така била показател дека нештото дошло одозгора. Ги повикала брзата помош и полицајците, а тие се јавиле во каменоломот.
– Ги прашавме дали изведуваат некакво минирање, но тие рекоа дека виделе силна светлина на небото што експлодирала и направила бучава – велат од полицијата.
Рут ќе го испрати каменот-метеорит на Западниот универзитет во Онтарио, додека нејзината осигурителна компанија се обидува да открие дали нејзината полиса опфаќа можност да биде обесштетена од ваква природна непогода.
– Единствено што можам да помислам е да кажам дека животот е скапоцен и може да исчезне во секој момент, дури и кога мислите дека сте безбедни и сигурни во вашиот кревет. Се надевам дека никогаш повеќе нема да го земам здраво за готово. Диносаурусите веројатно би се согласиле – изјави таа.
Нема потврден запис за убиство на човек од метеорит, иако се спорни тврдења за многу смртни случаи во античко време. Сепак, Рут Хамилтон не е првиот човек кој била „промашена“ од вселенско тело. Лани една куќа во Индонезија беше погодена од метеорит тежок 2 килограми. Во 1954 година, една жена во Алабама исто така била погодена од метеорит.