Параноја, паника, реална слика

Реална слика - болеста постои и кај нас е надвор од контрола. Затоа сите треба да се пазиме за себе и за другите. Тоа е што можеме максимум ко поединци да направиме.

1,749

Да разграничиме некои поими што очигледно не се јасни, за подобра комуникација. Во контекст на пандемијата.

Параноја – чувство дека некој те прати, сака да ти наштети без да имаш реални докази за тоа. Отприлика би дошло дека 5Г шири болести, некој го има смислено ова за баш тебе дома да те држи и слични глупости.






Ширење паника – Тезата шо постои и се врти е „Сите ќе се заразиме”. Иако многу ќе се заразат и најголем дел ќе преживеат нема сите да се заразат, сигурно. Ширење паника би било дека ќе умреме сите од короната. Нема.

Реална слика – болеста постои и кај нас е надвор од контрола. Затоа сите треба да се пазиме за себе и за другите. Тоа е што можеме максимум ко поединци да направиме.

Покрај ова има и коментари за менталната состојба што ја предизвикува кризата. Тешка е кај многумина и кај сите веројатно ќе остави последици ова што се случува на здравствен, политички, економски план. Таа состојба не се подобрува со „позитивно мислење”, посебно кога немаш никаква основа за тоа. На краток рок може да помогне, но кога реалноста ќе е различна од тие позитивни мисли и очекувања само ќе настане уште полош пад. Затоа за таквите состојби има професионалци, психолози и психијатри кои се стручни да ги лечат тие проблеми. Не е срамота да патиш од тоа нити да побараш помош.

(Фејсбук статус на авторот)

Поврзани содржини