Колин Алин (41) и неговата сопруга Хилда во саботата успеале да истрчаат 42,2 километри на нивниот 20-метарски балкон, поминувајќи од една до друга страна повеќе од 2.100 пати.
Фотографијата, на која е прикажана стоперката, споделена на социјалните мрежи, покажува дека кажаното растојание го поминале за 5 часа, 9 минути и 39 секунди.
„Успеавме“, напишал Колин на Инстаграм со хаштагот #балконскимаратон. Притоа ѝ честитал на сопругата на првиот истрчан маратон и се заблагодарил за охрабрувачките зборови на сите кои им ги пратиле онлајн.
„Луѓе, ви благодарам на сите за вашата поддршка. Одлично беше да трчам заедно со вас“, напишал тој.
FOTO: Instagram/Printskrin