Папата загрижен: Да се молиме за Европа

182

Папата Франциск повика Европа да остане обединета во решавањето на последиците од пандемијата на новиот коронавирус.

Папата упати повик пред самитот на ЕУ утре на кој ќе се разговара за контроверзниот пакет за економски стимул.






– Во оние времиња кога толку многу ни треба единство меѓу нас, меѓу народите, да се молиме денес за Европа – рече папата на почетокот на својата утринска литургија.

Папата ги замоли луѓето да се молат дека „Европа ќе успее да го постигне ова единство, ова братско единство за кое сонувале основачите татковци на Европската унија“.

Ова е вторпат во последните 10 дена Франциск да изрази загриженост за ЕУ.

Поврзани содржини