ПАПАТА СЕ ПОЈАВИ СО МОДРИНКА НА ЛИЦЕТО Си ја удрил брадата од ноќна масичка

332

Папата Франциск денеска ја предводеше свеченоста во базиликата Свети Петар за воведување 21 нов католички кардинал, на која се појави со голема модринка на брадата, за која Ватикан соопшти дека е последица на пад од претходното утро.

И покрај повредата, папата, кој овој месец полни 88 години, беше во добра форма на церемонијата.






На свеченоста беа именувани кардинали од 17 земји, меѓу кои Перу, Аргентина, Јапонија, Филипини, Алжир, Индија и Србија.

Прес-службата на Ватикан информираше дека папата вчера си ја удрил брадата од ноќна масичка.

Папата Франциск ја презеде должноста во 2013 година, а во последните години повремено има проблеми со здравјето, поради што користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот.

Поврзани содржини