ПАПАТА РАЗВИЛ ДВОЈНА ПНЕВМОНИЈА Состојбата станува сложена, верниците се загрижени

Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од респираторна инфекција повеќе од една недела и во петокот беше примен во римската болница „Џемели“.

253

Папата Фрањо развил пневмонија во двете белодробни крила и неговата состојба останува сложена, објави Ватикан.

Осумдесет и осумгодишниот поглавар на Римокатоличката црква страда од респираторна инфекција повеќе од една недела и во петокот беше примен во римската болница „Џемели“.






„Скенирањата на градниот кош покажаа почеток на двојна пневмонија, за што е потребна дополнителна терапија со лекови. Клиничката состојба на папата останува сложена. И покрај тоа, тој е во добро расположение и го помина денот во читање, одмор и во молење“, соопшти Ватикан.

Пред да биде примен во болница, папата имал симптоми на бронхитис, по што откажа појавување на неколку настани. Во неделата беа откажани сите негови јавни настани.

Папата е подложен на белодробни инфекции откако во младоста имал плеврит, поради што на 21 година му бил отстранет дел од белодробно крило. Откако стана папа во 2013, тој беше хоспитализиран неколкупати.

Поврзани содржини