ПАПАТА ПОСАКА МИР Преку дијалог да се решат тензиите во Украина
Британските медиуми забележуваат дека ова е прв коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина.
Папата Франциск денеска повика на сериозен меѓународен дијалог за решавање на тензиите меѓу Русија и Украина и ги повика двете страни да избегнуваат вооружени конфликти.
Британските медиуми забележуваат дека ова е прв коментар на папата во врска со тензиите меѓу Западот и Русија околу прашањето за Украина.
– Оружјето не е начин. Нека овој Божиќ донесе мир во Украина – рече папата во неделното обраќање пред илјадниците верници собрани на плоштадот „Свети Петар“ во Рим.