ЧОВЕКОТ Е ВЕРНИК, ЗАЕДНО СО МОЛЕВМЕ Папата му потпиша дрес на Меси
Папата Франциск, кој е Аргентинец и голем обожавател на фудбалот, му се заблагодари на Меси. Како дете, папата навивал за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес.
Аргентинската фудбалска ѕвезда, играч на францускиот клуб ПСЖ, Лионел Меси доби дрес со автограм од папата Франциск. Ваквиот чекор следува откако Меси му даде свој, објавија денеска во Ватикан. Меси дресот го примил вчера од епископот Емануел Гобилијар.
„Човекот (Меси) е верник. Ми се довери колку е тоа важно за него. Заедно се молевме“, објави Гобилијар на својот Твитер, заедно со фотографија на која стои со аргентинскиот фудбалер, кој во раката го држи жолтиот дрес.
„Размената на дресови меѓу папата и аргентинската ѕвезда сега е завршена“, додава Атлетик Ватикан.
Во октомври, фрацускиот премиеро Жан Кастекст на папата Франциск му го предаде дресот во со бројот 30 и потписот на Меси. Папата Франциск, кој е Аргентинец и голем обожавател на фудбалот, му се заблагодари на Меси.
Како дете, папата навивал за клубот Сан Лоренцо од Буенос Аирес.