ПАПАТА ИСПИШУВА ИСТОРИЈА Сестра Алесандра ќе извршува две високи функции

Ова е првпат жена да биде назначена за секретар на дикастерија, пишува порталот за вести Ватикан њуз.

907

Папата Франциск ја именуваше сестра Алесандра Смерили за привремена секретарка на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој и како делегат на Комисијата за Ковид-19 во Ватикан, соопшти денеска Светата столица.

Ова е првпат жена да биде назначена за секретар на дикастерија, пишува порталот за вести Ватикан њуз.






Таа доаѓа на местото на монсињор Бруно Мари Даф и отец Аугусто Зампини, кои се вратија во своите епархии.

Смерили служеше како потсекретар во дикастеријата од март 2021 година.

– Благодарна сум на Светиот Отец за тешката задача што ме повика да ја преземам и се молам Господ да ми помогне да го исполнам овој повик во духот на послушност кон Црквата, со смирение, страст, креативност и способност да слушам што се бара – рече Смерили.

Поврзани содржини