Папата го повика светот да им подаде рака на сиромашните
Овие месеци кога целиот свет е зафатен од вирусот кој донесе болка и смрт, неволја и загриженост, можевме да видиме голем број испружени раце, истакна папата во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните.
Папата Франциско го повика денеска светот „да им подаде рака на сиромашните“, критикувајќи го „цинизмот и рамнодушноста“ на оние кои ги префрлаат своите богатства преку своите компјутери или се богатат со продажба на оружје и дрога.
– Овие месеци кога целиот свет е зафатен од вирусот кој донесе болка и смрт, неволја и загриженост, можевме да видиме голем број испружени раце, истакна папата во својата порака по повод Светскиот ден на сиромашните.
Заблагодарувајќи им се уште еднаш на лекарите, медицинските сестри, фармацевтите, волонтерите и свештениците, кои се жртвуваа во првата борбена линија за време на пандемијата на Ковид-19, доведувајќи ги во опасност своите животи, поглаварот на Римокатоличката црква нагласи дека тие „им се спротивставиле на заразата и стравот со цел да помогнат и да дадат утеха“.