Папата Франциск формира итен фонд за помош на земјите во развој

Во соопштението се наведува дека папата одредил 750.000 долари од средствата што му се на располагање како почетен придонес во фондот, пренесоа британските медиуми.

347

Папата Франциск формира итен фонд за помош на подрачјата зафатени со коронавирусот во земјите во развој, соопшти денеска Ватикан.

Во соопштението се наведува дека папата одредил 750.000 долари од средствата што му се на располагање како почетен придонес во фондот, пренесоа британските медиуми.






Папата ги замоли црковните ентитети и епархии да дадат свој придонес во полнење на фондот, според нивните можности.

Средствата ќе бидат дистрибуирани преку друштвата на папските мисии што ја поддржуваат работата на 1.100 епархии, главно во Африка, океанска Азија и дел од Амазонија..

Минатиот месец папата Франциск донираше 30 респиратори за италијанските болници во подрачјата што најмногу се погодени со заразата

Поврзани содржини