Папагал го воодушеви целиот свет со својот глас, ги пее Бијонсе, Леди Гага… (ВИДЕО)
Деветгодишниот папагал Чико ги забавуваше гостите во паркот изведувајќи популарна песна од пејачката Бијонсе.
– По повеќе од 25 години работа со овие неверојатни птици, тие продолжуваат да ме воодушевуваат – рече Стив Николс, директор на Бостонскиот парк за животни во Велика Британија.
Тој особено беше импресиониран од папагалот, кој стана популарен на Интернет благодарение на неговите вокални способности.
Деветгодишниот папагал Чико ги забавуваше гостите во паркот изведувајќи популарна песна од пејачката Бијонсе.
Покрај нејзиниот голем хит „Да бев момче“, Чико знае да ги пее и „Покер лице“ на Лејди Гага, „Огномет“ на Кети Пери и „Ме излудуваш“ на Гнарс Баркли.
Греам Гарднер, 54, е редовен посетител на паркот и вели дека овој папагал не може да им здосади на луѓето.
– Луѓето стојат во ред да го видат, тој е како вистинска поп-sвезда. Тој всушност има многу добар глас – вели Гарднер.
Амазонскиот папагал е способен јасно да го повтори човечкиот говор и може да живее над 100 години. Нивното природно живеалиште е во Јужна Америка, Панама и Тринидад и Тобаго и се хранат со овошје, ореви и семиња.