ПАП-ТЕСТОТ ЌЕ СТАНЕ МИНАТО? Експертите сугерираат ХПВ тестирање, како скрининг за рак на грлото на матката
Иако ПАП тестовите се стандард за скрининг на рак на грлото на матката, тие не се сигурни, со можност за лажни позитивни и негативни резултати. Студиите ја покажале ефикасноста на ХПВ тестирањето во спречувањето на рак на грлото на матката, бидејќи повеќето случаи се поврзани со ХПВ инфекциите.
Најновите препораки од Центaрот за контрола и превенција на болести (CDC) сугерираат дека жените можат да се одлучат за ХПВ тест наместо ПАП тест почнувајќи од 25-годишна возраст и повторувајќи го на секои пет години.
Студијата објавена во 2022 година укажува на зголемена предност за ХПВ тестот кај жените поради намалената непријатност и поголемата удобност во споредба со традиционалниот ПАП тест. Сепак, се поставува прашањето – дали жените целосно треба да го избегнуваат ПАП тестот? Да видиме кои се разликите помеѓу двата теста.
За разликите помеѓу ПАП тест и ХПВ тест прочитајте на „Мајка и дете“.