ПАОК ЗАБРАНИ ВЕЕЊЕ МАКЕДОНСКИ ЗНАМИЊА НА НАТПРЕВАРОТ СО АБЕРДИН Гестот на македонскиот интернационалец Миовски ги налути домаќините

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој настапува за шкотскиот тим, на претходниот натпревар го покажа знакот со три прста, и тоа беше доволна причина домаќините да забранат веење македонски знамиња.

786

На синоќешниот фудбалски натпревар меѓу ПАОК и Абердин во Солун домаќините забранија веење македонски знамиња на стадионот „Тумба“, откако македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој настапува за шкотскиот тим, на првиот меч покажа три прста, објавија грчки медиуми.

Фудбалерите на Абердин на гостувањето против ПАОК успеаа да освојат бод, но тоа не е доволно да се остане во трката за пласман во следната фаза од Конференциската лига на УЕФА.






Со ваквиот епилог на средбата Абердин ги загуби сите шанси за влез во елиминациската фаза, а ПАОК заедно со Ајнтрахт Франкфурт ќе се бори за првото место.

ПАОК, Абердин, Бојан Миовски, три прста

Поврзани содржини