Пановски за НОВА ТВ: Ќе ја смениме светската историја, ако кај починатата од Велес е пронајден Ковид-19

Тој појаснува дека РНК од вирусот може да се најде и по векови, што значи дека ако на било кој жив или починат му се направат молекуларни тестови ќе се најдат стотици РНК и ДНК од вируси, бактерии, габи, протозои.

10,319

Вирусот не може да биде жив во мртво тело. Доколку се потврди дека е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја, вели микробилогот Никола Пановски, по информациите дека мајката и синот пронајдени во Велес најверојатно починале во јануари, а биле пријавени кога од станот почнала да се шири миризба и посмртно биле тестирани на коронавирус.

Тој во изјава за Нова тв вели дека не смеат да се објавуваат непотврдени резултати и дека ваквиот наод е лажно позитивен бидејќи во мртви клетки не може да живее вирусот. Тој смета дека доколку тестот бил позитивен требало да се потврди во уште десеттина светски референтни лаборатии, а потоа да се објави бидејќи ова може да ја смени целата светска историја.






– Вирусот не може да биде жив во мртво тело, се разбира. Доколку се потврди дека е позитивен, а жената починала уште во јануари тоа може да ја смени целата светска историја. Ако во државата имало коронавирус во јануари досега ќе имаше илјадници починати од вирусот. Тоа ќе значи дека вирусот почнал кај нас некаде во исто време со Кина, меѓу првите земји од светот вели Пановски.

Тој појаснува дека РНК од вирусот може да се најде и по векови, што значи дека ако на било кој жив или починат му се направат молекуларни тестови ќе се најдат стотици РНК и ДНК од вируси, бактерии, габи, протозои.

– Дали тоа значи дека е болен од нив или ако е починат, смртта настапила од тоа – додава Пановски.

тој не исклучува можност дека  некој од тие што први влегле во станот да е позититивен на коронавирус и тоа да влијаело на резултатот.

 

Поврзани содржини