Пановски: Треба сите да се соединиме против вирусот, а за друго пак ќе се караме
Тој додава дека ако треба и најзакоравниот доктор од ВМРО, како и од СДСМ и сите што имаа углед, треба заедно да излезат и да кажат дека вирусот е сериозен.
Доколку сме во војна, која не признава партиски, религиски и други национални различности, еве конечно за оваа работа да се соединиме, а за друго пак ќе се караме, рече др. Пановски во неговото гостување во дневникот на ТВ Сител, објаснувајќи го собирањето по домовите на граѓаните.
– Политичките лидер, верските лидери, особено наследникот на реисот кој треба да се извини за неговиот претходник и да каже дека коронавирусот е жив и сите да им кажат да се воздржат 5-6 месеци или ако може 14 дена или 28 дена, по сегашните пропис да носат маска каде што треба, да не се собираат и да видиме дали ќе се случи нешто за овој период – вели Пановски.
Тој додава дека ако треба и најзакоравниот доктор од ВМРО, а исто така и од СДСМ и сите што имаат углед, треба заедно да излезат и да кажат дека вирусот е сериозен.
Пановски уште еднаш повтрди, како рекол уште во мај месец, полициски час треба да има во вечерните часови, поради тоа што младите ја носат болеста дома, а само така може да се контролираат, затоа што домашните не можат тоа да го прават цело време, а исто така и полицијата.
– За навечер сум кажал дека треба да има полициски час, бидејќи младите сакале нејќеле ни ја носат болеста дома. Веќе месец дена се собираат во затворени простории и затоа букнува болеста. Секаде кај што се почитуваат протоколите и кај што има логика. Треба да се почитуваат мерките, за карантини и затворање на ресторани, треба многу пари, тоа Кина може да го направи – вели Пановски.
Тој вели проценката на оваа епидемија е дека би умреле меѓу 20 и 30 милиони ако нема мерки може да трае и повеќе од две години. Светот е решен со разни мерки да се спаси и да умрат барем 2-3 милиони и ги предложил овие мерки.
– Некои немаат логика не можеме да ги разбереме меѓутоа основните мерки треба да ги почитуваме. Не се лицитира со бројки, но во првите две години би умреле 2.000-3000 и да спасиме 20.000 луѓе. Најтешките три месеци се пред нас – рече Пановски.