Пановски: Први октомври е доцна за училиште, на 15 ноември учениците треба да бидат распуштени

4,184

Микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за Фактор вели дека училиштата требаше да работат досега, учениците да бидат на настава, на отворено, а кога ќе дојде критичниот период кон средината на ноември да бидат распуштени.

– Се загуби драгоцено време, мерките беа многу појаки на почетокот, а потоа наеднаш олабавени, што и не доведе во оваа ситуација со трицифрени бројки во текот на цело лето. Училишната година досега можеше да се одвива и немаше да има огромни ризици од зараза меѓу учениците. Според мене 1-ви октомври е доцна да почнат учениците да одат во школо, тие практично треба на 15-ти ноември да бидат распуштени, токму во оној критичен период за настинки и други респираторни заболувања присутни во текот на есенските месеци – вели д-р Пановски.






Според досегашните научни сознанија, главниот виновник за ширењето на вирусот е блиската интеракција со луѓето во подолг временски период, а може да влезе во телото преку очите, носот или устата, појаснуваат епидемиолозите кои од почетокот на пандемијата прават истражувања за преносливоста на ковид.
Поврзани содржини