Пановски: Плажите сред лето се стерилизирани, но треба да се размисли за планински туризам

1,926

Запрашан да даде свое стручно мислење дали годинава ќе биде воопшто возможно да се размислува за летен одмор професорот вирусолог Никола Пановски на ТВ Телма е оптимист дека би можело да се  оди на одмор ако државите ги отворат границите.

– Летување во државата очекувам секако да биде можно бидејќи не очекувам градовите да бидат затворени, но мислам дека треба малку да се размисли за селски туризам и планински туризам. Ако може да стигнат граѓаните до плажи покрај море и ако се отворат границите возможно е да се размислува бидејќи плажите во сред лето се стерилизирани од сонцето и од температурата. Но, поголем проблем е хотелското сместување, да не се создаваат гужви. Меѓутоа приколка, куќичка, камп, бунгалови, апартмани каде луѓето сами би си спремале храна би можело да биде возможно – додаде  Пановски.

 

Поврзани содржини