Пановски: Моја проценка е дека има по 2-3.000 заболени дневно, а лесно ќе стигнеме до 1.000 случаи

Во врска со најавите за нови мерки, вклучувајќи и носење маска на отворено, Пановски вели дека не се суштински и дека тоа не е битно. Според него, досегашните мерки се сосема добри.

6,225

Ситуацијата со ширењето на коронавирусот е сериозна и загрижувачка ситуација и најмногу зависи од граѓаните како ќе ја поминеме зимата. До бројката од 1.000 новозаразени на ден ќе стигнеме без проблем, доколку има можност да се тестираат повеќе. Инаку, мојата проценка е дека реално има по 2-3 илјади заразени. Но, проблем е што се полнат болниците, оценува доктор Никола Пановски во интервју за МКД.мк.

Во врска со најавите за нови мерки, вклучувајќи и носење маска на отворено, Пановски вели дека не се суштински и дека тоа не е битно. Според него, досегашните мерки се сосема добри.






– Битно е дека мерките не беа лоши, требаше само да се најдат механизми за нивно почитување. Контрола, освен дома, секаде можеше да се направи. И да се изрекуваат поголеми казни. Можеше да се контролираат повеќе текстилните работници, во јавниот превоз на пример се ставаат камери, па се јавува ако не се почитуваат мерките. Што се однесува до собирањата, веќе сум кажал дека за тоа треба карантин, 14 дена во некој хотел на сопствен трошок. А споредна работа е дали некој на улица носи или не носи маска, тоа нема никаква врска со ширењето – вели Пановски.

Поврзани содржини