Професорот Никола Пановски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 вечерва изјави дека и покрај тоа што има благо опаѓање на бројот на инфицирани од коронавирусот, сепак пандемијата ќе трае подолго.
– Треба да се почитуваат мерките, ова ќе трае подолго. Може вирусот стивнува, но благо. Мислам дека со топлото време ќе се компезира ова олабавување на мерките, но нема многу да падне бројот и ќе има случаи Тоа е и случај во светот, сите велат стивнува, но кога ќе се виде дека има по 1.000 случаеви, а некаде и по 10.000 или 11.000 заболени. Мислам дека со сигурност можеме да заклучиме дека карантинот и рестриктивните мерки не успеаја да го уништат вирусот – смета доктор Пановски.
Според Пановски, отворањето на некои институции како и молови не значи дека бројот на заболени се намалува, туку се отвораат од економски аспект, укажувајќи дека вирусот ќе биде присутен и во летниот период.
– Ова отворање не е затоа што се намалува бројот, туку затоа што оваа состојба е неиздржлива од повеќе аспекти, економски, психолошки па дури и здравствени. Така што мислам дека ова ќе тлее и преку лето – рече Пановски.