Пановски и со упис во Централен регистар официјално ќе биде претседател на Скијачката федерација

Од Централниот регистар велат дека постапката е во тек, односно одлука ќе биде донесена во согласност со законските рокови за постапување и одлучување.

2,118

Олимпиецот Дејан Пановски кој на 2 февруари беше избран за претседател на Скијачката федерација на Македонија на легитимно собрание, наскоро ќе биде впишан и во Централниот регистар. По одлуката на Втростепената комисија со која е поништено решението за упис на Огњан Циговски за претседател на Скијачката федерација, во Централниот регистар сега се води постапка за ново решение.

– Од страна на Второстепената комисија е донесено решение согласно кое решението на Централниот регистар се поништува и предметот се враќа на повторно одлучување. Во моментот постапката пред Централниот регистар е во тек, односно одлука ќе биде донесена во согласност со законските рокови за постапување и одлучување – изјавија за Плусинфо од Централниот регистар.






Скандалот во Скијачката федерација настана кога во февруари се одржаа две собранија за избор на претседателот на скијачката федерација. Првото на кое присуствуваа претставници на 13 клубови кои едногласно го избраа Пановски се одржа на 2 февруари, а потоа на почетокот на март осум скијачки клубови предводени од Скијачкиот клуб „Љуботен“ на ново собрание го избраа Циговски. Циговски итно беше впишан и во Централниот регистар како легитимно избран претседател.

Подоцна 16 скијачки клубови од вкупно 18 колку што ги има во земјава, застанаа зад изборот на Пановски и побараа од надлежните институции да го поништат изборот на Циговски за претседател на Скијачката федерација.

Тие обвинија дека Циговски е избран за претседател на нелегитимно, незаконско и нестатутарно вонредно собрание на 3 февруари со фалсификувани документи, но и покрај тоа тој е впишан од Централниот регистар за нов претседател на СФМ, па клубовите обвинуваат за мешање на политиката во спортот. На тоа собрание, според овие клубови, учествувале само 8 од вкупно 18 скијачки клубови, редовни членови на федерацијата.

На жалбата до Второстепената комисија при Централниот регистар за поништување на уписот на Циговски се потпишани 10 скијачки клубови. Неодамна, комисијата го поништи решението на Централниот регистар за упис на претседател на скијачката федерација.

Поврзани содржини