Пановски: Есенскиот бран на ковид-19 пристигна порано

Прерано почна заради тие собирања, официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите - вели докторот.

1,076

Доктор Никола Пановски во своето гостување во ТВ Сител рече дека есенскиот бран на ковид-19 кај нас започнал малку порано од предвиденото, а како причина ги наведе бројните собиранки.

– Кај нас почна малку порано есенскиот бран бидејќи времето беше релативно топло. Ова се случаи кои се пред една недела, а веќе две недели имаме голем број на случаи. Прерано почна заради тие собирања, официјално лице кажа дека имало 1.000 свадби во Скопје, плус и концертите – вели докторот.






Тој вели дека летоска луѓето беа надвор одеа по плажи, корзата беа полни, не носеа маски немаше никаква експлозија од корона. Јасна е каде е главниот пренос на ковид во јавниот превоз и децата одат во школо ги носат во градинка, не можам да верувам дека нема мерка за 50 проценти во автобусите и од 50 луѓе барем тројца не носат маска.

– Јас лично не би влегол во автобус и да има 15 луѓе со маски би барал сите прозори да бидат отворени за да бидам сигурен на вакви мали простори каде се шират аеросоли. Мерките до сега се одлични, да се носи маска и тоа е научно докажано и исправно и така треба да остане и што не треба да се носат ракавици што нема логика. На СЗО и требаше да ги прифати мерките дури во јуни што е скандал голем. Значи аеросоли е главното ширење во комбиња, автобуси, затворен простор, на работа 90 отсто кога се оди на пушење цигари и тие ја шират болеста – изјави Пановски.

Поврзани содржини