Пановски: Бројките на новозаразени можат да одат и до 1.000 дневно (ВИДЕО)
Докторот предлага ангажирање на власта и опозицијата на докторите за да им се објасни на граѓаните да ги почитуваат мерките.
Ако не се ангажираат сите и власта и опозицијата и докторите да ги убедат граѓаните да ги почитуваат мерките бројките на заразени со ковид-19 ќе растат вртоглаво па можно е тие да достигнат и по 1.000 заразени дневно. Ова меѓу другото го изјави доктор Никола Пановски.
– Рекордот ќе трае кратко, ќе биде многу брзо соборен. Ова се бројки од петок сабота. По нив ќе дојдат нови од сабота, недела, па потоа нови случаи и тоа ќе се шири. Но ова е сериозен проблем. Ако продолжи вака не очекува полошо понатаму. Ќе колабираме здравствено и економски. Треба да се ангажираат и власта и опозицијата и докторите и светските лидери да ги вразумат граѓаноите да ги почитуваат мерките. Ова ако продолжи натаму ќе биде смешна бројка – изјави Пановски за Канал 5.
Тој вели дека треба да се преземат поригорозни мерки, како што тоа го прават другите земји.
– Во некои земји се забранува одење по гости, да се намали собирањето во затворен простор – рече Пановски.