Панова до Филипче: Вашите гревови се човечките животи, тоа не може да се надомести

Пратеничката го потсети министерот за здравство Венко Филипче дека неговото министерување требаше да се темели врз законот за здравствена заштита, но тоа не се случува во практика.

804

Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ  и денеска одржа протест пред Министерството за здравство под мотото „Да го измиеме срамот на Филипче“.

Пратеничката Ели Панова го потсети министерот за здравство Венко Филипче дека неговото министерување требаше да се темели врз законот за здравствена заштита, но тоа не се случува во практика.






-Јас не сум медицинско лице, по струка сум правник, па ајде како правник да ви посочам „министре за смрт” дека не работите согласно закон! А, оној кој не работи согласно Закон, местото не му е во оваа институција позади мене, туку во некоја друга институција, каде денес лежат невини луѓе – рече Ели Панова, пратеничка.

 Панова рече дека министерот за здравство  секој ден го кршите тој закон, ги кршите членовите 2 и 3 со загтозувањето на здравјето на граѓаните .

– Вашата неспособност за менаџирање го загрозува здравјето на обичниот граѓанин, па денес во Македонија имаме рекордна смртност од 4.108 луѓе како последица на ковид, според вчерашниот извештај на Економист, Македонија се наоѓа на трето место по смртност во светот!  Полоши сме дури и од Италија. Министре Вие го кршите и членот 6 или начелото на достапност, со кое здравствената заштита треба да биде географски, физички, и економски достапна! Епа министре, општите болници низ Македонија се полни, истите немаат основни медицински средства, се сликате позерски на донирани, донирани вакцини, опрема, бидејќи не сте способни да набавите, а преживуваат само оние граѓани кои имаат да платат – рече Панова.

Според неа министерот е ефикасен само во пребројување на починатите.

– Континуирана е единствено Вашата борба за провизии,а правични сте во дискриминацијата, оној кој ќе се јави за кревет и ќе плати може и ќе преживее. Од вашето приспособување видовме само ходници полни со пациенти, чекање еден да почине за на друг да му биде дадена боцата со кислород, медицинските лица сами да купуваат опрема и да работат до исцрпување, роднините на пациентите сами да се нудат да им дадат голтка вода -рече Панова.

Претседателот на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски, во своето обраќање побара оставки од владините претставници и им забележа на полицајците дека наместо да го обезбедуваат протестот, требало да ги ловат нарко босовите.

– Поздрав за припадниците на МВР, кои наместо да одат и да ловат нарко босови и шверц на дрога ги натерале да бидат тука и да го чуваат Венко. Од што се плашиш Венко? Тука сме четврта сабота за да им порачаме да дадат оставка, а им ја бараме затоа што не им текнува, а ако дадат оставка ќе го немаат хиликоптерот да се провозат, нема да им се затвораат планини за да се возат со моторни санки или да им затвораат автопати за да се возат со скапите мотори. Минатата сабота се обидовме да го измиеме срамот и стигнаа пораки зошто со толку малку балони вода сме го миеле срамот, па велам ако они прават симулација на вакцинирање ние можеме да пробаме симулација на миење на срамот – рече Нелоски.

Поврзани содржини